Friday, February 21, 2020

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР 27.02.2016

1. Дадена е табела со цифри. На секој производ од табелата му соодветствува по една буква (пример 4×3=12, 12 е шифра за буквата С).
Искористи ја дадената табела за да ја дешифрираш следнава порака:
6   10   12
21   54   70   90   27
12   10   20   10   21
24   10
27   35   10   21
21   10   42   45   21   10   42   40   20   10
2. Колку триаголници има на цртежот? Испиши ги!

3. Учениците од IV1 одделение играле една игра. Марија замислила еден број и и го кажала на Елена. Таа на бројот му додала 10 и добиениот број му го кажала на Даме. Тој новиот број го поделил со 9 и го кажал на Симе. Симе пак бројот што му го кажал Даме го помножил со 2. На крај на таблата Симе го напишал следбеникот на својот број, а тоа е бројот 181. Кој број го замислила Марија?

4. За нумерирање на страниците на една книга искористени се 639 цифри. Колку страници има книгата?

Wednesday, February 19, 2020

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР 28.02.2015

1. Претстави ги со венов дијаграм множествата:
А - парни броеви од осмата десетка
B - природни броеви поголеми од 74, а помали од 85
Најди δ(А), δ(В), δÈВ) и δÇВ).
https://www.youtube.com/watch?v=LYuNynOxJVI

2. (Нумерус 2014/2015, 3149) За еден ден столарот изработува 6 столици и три маси. Пресметај колку парчиња мебел тој ќе изработи за 5 работни дена.
https://www.youtube.com/watch?v=CCwQ7OhTqi0

3. Запиши ги сите триаголници што се претставени на цртежот. Потоа добиениот број на триаголници помножи го со најмалиот трицифрен број  и одземи го бројот на месеци во годината. Кој број го доби?

https://www.youtube.com/watch?v=CSAXqZzqM5M

4. Во една книжарница: првиот ден донеле 120 книги, вториот ден два пати повеќе од првиот ден, третиот ден три пати помалку од вториот ден, во четвртиот ден донеле книги колку што донеле првиот и третиот ден заедно, а во петтиот ден исто колку и вториот ден. Колку вкупно книги биле донесени во книжарницата?


https://www.youtube.com/watch?v=I5jZt2MYQ2w

Tuesday, February 18, 2020

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР 23.04.2014

1. Мира од Тони добила 126 денари во монети и 470 денари во банкноти. Колку денари имала Мира на почетокот, ако сега има 798 денари?
https://www.youtube.com/watch?v=6LjPcuVlU_c

2. Пресметај го збирот на 3 броеви, ако првиот број е 484 и секој следен е 2 пати помал од претходниот.
https://www.youtube.com/watch?v=xWguaUsOwhk

3. Цифрите на бројот 44444 меѓусебно поврзи ги со знаците на основните математички операции, за да добиениот резултат е 19.
https://www.youtube.com/watch?v=0ruJYnUjT-0

4. Во една книжарница има 414 пенкала. Моливи има 2 пати повеќе, а фломастери 3 пати помалку отколку пенкала. Колку вкупно моливи и фломастери има во книжарницата?
https://www.youtube.com/watch?v=UybRW7Mja8A